Поврзете се со нас

Балкан

Кога бурата е главна на теренот: Фудбалер на Горица погоди на асистенција на противничкиот голман (Видео)

Објавено

на

Натпреварот меѓу Шибеник и Горица од хрватското првенство вчера е одигран на работ на регуларните услови, со оглед на силната бура која максимално ја комплицираше ситуацијата за фудбалерите.

Според хрватските медиуми, во одредени моменти, условите биле далеку од регуларни и диктирани од силната бура, но официјалните лица сметале дека треба да биде комплетиран овој прволигашки дуел во Шибеник.

На крајот, подобро се снајдоа гостите, откако Горица славеше со 1:3, а вниманието го привлече третиот, последен гол на победничката екипа.

Голманот на Шибеник ја уфрли топката во игра со деганжман, но наместо на противничката половина, топката му легна на волеј на Ловриќ, кој погоди фактички на асистенција на противничкиот голман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни