Поврзете се со нас

Англија

Клоп придодаде бразилска легенда во својот тим: Алисон Бекер ни помогна за оваа аквизиција

Објавено

на

Јирген Клоп работи на постојан развој на својот играчки ростер и не носи избрзани одлуки на трансфер пазарот, но истовремено, работи и на подобрување на својот тренерски тим кој од сега и официјално е побогат за бразилска легенда.

Незаборавниот Клаудио Тафарел 101 пат бранеше за најсилниот тим на Бразил и беше незаменлив на голот на „кариоките“ цели 10 години (од 1988 до 1998), па сега ќе биде дел од англиската елита и ќе биде тренер на голманите како дел од тимот на Јирген Клоп.

Германскиот стручњак не го криеше воодушевувањето од новата аквизиција, во која важна улога одиграл и Алисон Бекер како актуелен прв голман на Бразил.

– Нашата цел е да го имаме најдоброто и на тренинзите, да можеме да се потпреме на исклучително добри луѓе. Кога се голманите во прашање, сметам дека Бразил го има најдобриот двоец во Алисон Бекер и Едерсон од Сити. За нас, Алисон е најдобар голман во светот, а сега го добиваме тренерот на голманите на бразилскиот национален тим.

– Зборувавме со Али за оваа тема и тој ни помогна, најдовме решение да го доведеме Тафарел тука како големо засилување за нашиот голмански кадар. Сакаме да создадеме школа за добри голмани, – порача Клоп кој потврди дека покрај работата во Ливерпул, Тафарел ќе остане тренер на голманите во бразилската селекција и во иднина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни