Поврзете се со нас

Англија

Клоп наброја пет играчи на Арсенал кои посебно го восхитуваат

Објавено

на

Јирген Клоп е голем фан на Габриел Мартинели и менаџерот на Ливерпул јавно го фалеше уште за време на неговите почетоци, но сега Бразилецот не е единствена грижа на германскиот стручњак пред новата пресметка која ќе ја има со Арсенал.

Германскиот стручањк секогаш е многу отворен пред новинарите и говори искрено дури и за противничките фудбалери, а на денешниот прес наброја дури пет играчи на Арсенал на кои им се восхитува во последно време.

Артета има извонреден старт на сезоната со своите млади ѕвезди и влегува како лидер на табелата во дерби мечот со Ливерпул, тим кој прпват после неколку години ќе пристапи на еден меч со Арсенал во подредена улога.

– Имам огромен респект за Арсенал, нависитна се врши многу добра работа во последно време. Во фудбалот понекогаш некој ви дава шанса и време, понекогаш не добиваме време колку што сакаме. Мартинели доби време, отсекогаш ме возбудувал и се претвори во играчот во кој очекував дека ќе се претвори.

– Тука е и Одегард. Разговарав со него кога имаше само 15 години, седевме на иста маса заедно со неговиот татко. Се сеќавам како да беше вчера, а тој на крајот се одлучи за Реал Мадрид. Имаше неколку тешки години што е нормално на таа возраст, но и тој стана играчот кој сите очекувавме.

– Потоа следи Сака, уау, што да се каже за него. Од првиот ден игра неверојатно за Арсенал иако е толку млад. Тука е и Габриел Жезус. Ако некој се сомневаше дека може да игра и надвор од Манчестер Сити како стартна деветка, сега доби одговор. Артета најдобро го познаваше, а истото важи и за Зинченко. Арсенал е многу добар млад тим и изгледа неверојатно, заслужено е таму кадешто е во моментов. Сепак, ние ќе излеземе на теренот и ќе се обидеме да им направиме проблеми, – изјави Клоп пред дербито кое се игра оваа недела во 17:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни