Поврзете се со нас

Европски првенства

Кларк ја откри формулата за триумфот над Србија: Ризикувавме, ама се исплатеше

Објавено

на

Репрезентацијата на Шкотка по долго време ќе игра на еден голем фудбалски турнир, а до тоа дојде откако вчера успеа да ја добие Србија во Белград.

Шкотите играа цврсто, дисциплинирано, знаеја што сакаа и можеа да го решат победникот уште во регуларниот дел, меѓутоа во самиот финиш примија гол прек Лука Јовиќ за 1-1 по што се играа продолженија при кои немаше промени за да потоа се пристапи кон пенали во кои решавачка беше 10 серија во која голманот Маршал го одбрани ударот на Митровиќ.

Селекторот Стив Кларк беше презадоволен што неговите момци ги однесе на ЕП, а притоа обелодени со која тактика ја неутрализирале Србија која важеше за фаворит во оваа пресметка.

-Многупати го гледав натпреварот на Србија против Норвешка. Најдобар меч на Србија по долго време. Целта беше да се ограничи протокот на топка до Александар Митровиќ, да не се дозволи Сергеј Милинковиќ Савиќ да се приближи до шеснаесетникот. Понатаму, Душан Тадиќ е врвен, врвен играч. Моравме да го контролираме. Ризикувавме, често играјќи три на три. И се исплатеше за нас, -порача Кларк за кого ова било најдобар одигран меч на Шкотска под негово водство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни