Поврзете се со нас

Европски првенства

Кјаер за епизодата со Ериксен: Не сум херој, го направив тоа што морав да го направам

Објавено

на

Членот на Милан, Симон Кјаер уште еднаш проговори за најстравичната ситуација на Европското првенство и срцевиот удар кој го доживеа неговиот сонародник Кристијан Ериксен на средбата со Финска.

Ериксен падна како покосен во финишот на првиот дел, па брзата реакција на неговите соиграчи како и лекарите придонесе да се избегне најцрното сценарио.

Кјаер беше еден од играчите кој најдобро се справи во ситуацијата и откако направи се што можеше да му помогне на Кристијан потоа и го тешеше неговото семејство на теренот додека се уште не се знаеше дали офанзивецот ќе остане жив.

Херојскиот чин на Кјаер додека Ериксен се бореше за живот ги воодушеви фудбалските фанови (Фото)

-Јас не сум херој, јас само го направив она што требаше да го направам, без размислување, како и секој друг. Тоа беше историски ден за нас Данците, прв натпревар на Европското првенство, на нашиот домашен стадион. Потоа, се случи она што се случи. Бев подготвен да останам луциден, како и сите мои соиграчи. Тоа беше тимски напор, очигледно истото би го направиле и тој да беше противник.

-Тоа е се. Единствено што е важно е дека Кристијан сега е добро. Тоа е единствената важна работа. Го направив тоа без размислување. Инстинктот ме водеше и го направив она што требаше, автоматски. Тоа беше прв пат да ми се случи ова, се надевам дека е и последен, -рече дефанзивецот за „Кориере Дела Сера“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни