Поврзете се со нас

Европски првенства

Херојскиот чин на Кјаер додека Ериксен се бореше за живот ги воодушеви фудбалските фанови (Фото)

Објавено

на

Двајцата доктори кои први притрчаа до Кристијан Ериксен успеаја да го реанимираат фудбалерот после неколкуминутно интубирање и му го спасија животот, но покрај тоа што тие ја понесоа титулата херои на денот, мора да се истакне дека голем јунак беше и капитенот на данската фудбалска репрезентација.

Симон Кјаер покажа како треба да реагира еден лидер и капитен во најлоши можни услови, бидејќи тој беше играчот кој веднаш тргна да му помогне на Ериксен, а воедно спречи да го голтне јазикот и го стави соиграчот во најсигурна положба на тревникот пред да добие прва помош од медицинските лица.

Во моментот кога лекарите пристигнаа до Ериксен, Кјаер ги повика сите свои соиграчи и побара од нив да го опколат Кристијан со цел да не се гледаат застрашувачките сцени и реанимирањето, а додека сите фудбалери на Данска го тргаа погледот и им навираа солзите, капитенот беше единствениот кој гледаше како напредува состојбата на фудбалерот на Интер.

Кјаер беше максимално мирен и покажа неверојатна стабилност во една крајно алармантна ситуација, за што најдобро говори и моментот кога ја тешеше сопругата на Ериксен која расплакана се симна од трибините.

Сабрина Јенсен не можеше да се соземе од тоа што и се случува на нејзиниот сакан, но Кјаер во улога на голем капитен ја тешеше во друштво на Шмајхел и беше нејзина поддршка во ужасните моменти.

На крајот, цел овој шок заврши со стабилизирање на Ериксен и негово префрлање во болница, а херојскиот чин на Кјаер ќе остане за паметење и наиде на големо воодушевување во фудбалската јавност.


Реклама
Реклама
Реклама

Популарни