Поврзете се со нас

Светски првенства

Кер по разочарувачкиот пораз на САД: Ова не е повеќе 1992…

Објавено

на

Репрезентацијата на Соединетите Американски Држави не го оправда статусот на фаворит и претрпе пораз од Германија со 113-111 во полуфиналето на Светското првенство.

Американците не успеаа да најдат решение за расположениот противник и со тоа втор Мундобаскет во низа остануваат без златен медал, поточно не се на врвот на светската кошарка.

Секако за САД ова е разочарување, но селекторот Стив Кер не заборави да потенцира дека веќе кошарка се игра на сите страни, поточно дека тие не се повеќе доминатни како во некои други времиња.

-Ова не е повеќе 1992 година. Играчите се подобри низ целиот свет, тимовите се подобри. Не е лесно да се победи на Светско првенство или Олимписките игри.

-Честитки до Германија, тие беа фантастични. Секогаш кога правевме серија, тие имаа одличен шут, офанзивен скок, голема акција. Горд сум на моите момци, тие се бореа и ни дадоа шанса на крајот, но не успеавме точно да ја добиеме.

-Тоа беше главната причина за поразот. Никогаш не можевме да ги натераме да не почувствуваат во одбрана. Му оддавам признание на Шродер, брз плејмејкер кој може да пробие. Исто така и ние направивме некои грешки. Мислем дека Обст е клучот на играта. Не ги ставивме под контрола и тоа навистина не повреди. Имаат многу големи силни момци и Шродер напаѓа. Дајте им признание, тие не надиграа, -заклучи селекторот на Американците.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни