Поврзете се со нас

Лига Европа

Касемиро ја научи лекцијата и во последен момент ја избегна мешаницата со ѕвездите на Барса (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Касемиро одигра клучна улога во елиминацијата на Барселона во бараж двобојот во Лигата на Европа, не само поради придонесот кој го имаше во средниот ред, туку и поради фактот што спречи чист гол во првото полувреме при водство од 0:1 за гостите.

Искусниот Бразилец со пожртвувана реакција ја расчисти опасноста од пред голот на Давид Де Хеа, а потоа Јунајтед со пресврт во вториот дел успеа да се пласира во осминафиналето.

Покрај головите, битката на великаните донесе и една тензична ситуација кога Бруно Фернандеш намерно го шутна Френки Де Јонг, ситуација од која ни пристигна и една интересна реакција на Касемиро.

Поранешниот играч на Реал прво се залета и тргна да се најде во мешаницата, но потоа се премисли и се тргна настрана со оглед на искуството кое го имаше неодамна.

Касемиро заработи црвен картон против Кристал Палас, но очигледно ја научил лекцијата поради суспензијата која ја доби од три натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни