Поврзете се со нас

Италија

Касано: Роналдо е крал на ЛШ, Јувентус се „гуши“ 26 години

Објавено

на

Кристијано Роналдо во изминативе денови трпи многу критики, а причината за тоа е елиминацијата на Јувентус од Порто во осминафиналето на Лигата на шампионите.

На Португалецот му замеруваат за двете изданија особено за она во Торино каде „бјанконерите“ бркаа пресврт, негатива, меч во кој Роналдо влезе одморен со оглед на тоа што претходно играше само 20 минути против Лацио.

Во одбрана на Кристијано пак застана Антонио Касано кој смета дека е лудост луѓето да се сомневаат во напаѓачот, човекот кој во кариерата собори многу рекорди и освои титули во ЛШ.

-Забавно е да се гледа како одредени луѓе се сомневаат во Роналдо кој петпати ја освои „Златната топка“, пет титули во ЛШ и постигна повеќе голови во тоа натпреварување од било кој друг во историјата. Роналдо и Јувентус тука се две различни работи. Роналдо е крал на Лигата на шампионите. Јуве не успеа веќе 26 години. Тоа не е поради Зидан, Роналдо, Игуаин или кој и да бил тука. Јувентус го нема статусот на големите европски клубови, како Баерн Минхен, Ливерпул, дури и Милан.

-Јуве секогаш ќе победува во Италија, бидејќи тие имаат економска моќ, го имаат оној стил на фудбал што одговара на победа од 1: 0 и титулата да биде запечатена до февруари, но во Европа секогаш се гушат. Дојдовме до фаза да се сомневаме во Роналдо, тоа е лудило. Го донесоа Роналдо, можеше да биде Меси, Марадона најдобрите во историјата, но ако не ги опкружувате со играчи со одличен карактер и глобален статус, можете да чекате уште 26 години.

-Од овие играчи, освен Буфон и Роналдо, кој во тој состав има освоено ЛШ или СП? Никој, -истакна Касано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни