Поврзете се со нас

Англија

Карагер го посочи виновникот за состојбите во Челси: Смешна одлука уште на почеток

Објавено

на

Откако Челси соопшти дека Грем Потер повеќе не е тренер на клубот, веднаш со реакција на социјалните мрежи се јави некогашниот фудбалер на Ливепрул, а сега аналитичар на состојбите во англискиот фудбал, Џејми Карагер кој го посочи виновникот за состојбата во клубот од Лондон.

Карагер преку социјалните мрежи му фати сеир на сопственикот на клубот, Тод Боли кој многу лесно се откажа од одличен тренер како Томас Тухел и се реши доверба да му даде на Грем Потер кој ќе остане запаметен како еден од најлошите тренери во историјата на клубот од „Стемфорд Бриџ“.

– Тод рече дека ќе биде поразличен од Роман. Сочувствувам со Грем Потер, но ова беше неизбежно. Не можете да го замените Тухел за Потер. Смешна одлука уште од самиот старт, -напиша Карагер на својот Твитер профил.

Челси во моментов е на 11 позиција на табелата во Премиер лигата, со 12 бода до зоната за испаѓање и исто толку бодови негатива во однос на Манчестер Јунајтед кој во моментов е четвртопласиран и го има последното место кое води во Лигата на шампионите следната сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни