Поврзете се со нас

Италија

Каморанези за реновирањето на Јувентус: Потребни се уште тројца фудбалери како него

Објавено

на

Мауро Каморанези е уште еден член на италијанската генерација која стана светски шампион во 2006 година, а започна тренерска кариера, иако во моментов е без ангажман.

Во своето најново интервју, поранешниот фудбалер на Јувентус зборувал за актуелната ситуација со „бјанконерите“, кои му овозможија на Интер да направи сериозна предност на табелата.

– Мислам дека клубот не погреши кога донесе одлука да го подмладува тимот со Андреа Пирло како тренер. Тој е интелигентен човек и знае што им е потребно на фудбалерите.

– Што се однесува до Роналдо, ако остане, ќе бидам среќен поради Јувентус. Но, дури и да реши да замине, сигурен сум дека раководството ќе доведе соодветна замена, – вели Каморанези кој признава дека е позитивно изненаден од Федерико Киеза.

– Ќе бидам искрен, не очекував да се адаптира толку брзо. Гледате во него гладно момче за успеси, на Јувентус му се потребни уште тројца како него. Клубот мора да доведе уште неколку италијански фудбалери, бидејќи тоа е дел од традицијата, но само играчи кои би биле дел од стартната постава, – истакнал Каморанези, кој до неодамна беше тренер на Марибор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни