Поврзете се со нас

Италија

Јувентус повторно освои само бод против Верона (Видео)

Објавено

на

Верона повторно не му дозволи на Јувентус да освои повеќе од бод (1:1) во меѓусебните дуели, а вечерва на домашен терен успеа да се врати по негативата во дуелот со фаворитот.

Јувентус не ги искористи своите шанси во првиот дел, Верона погоди дирек, а првиот гол беше постигнат од Кристијано Роналдо, кој во 49. минута доби одлично додавање од Федерико Киеза и ги доведе гостите во водство.

Верона со неколку замени почна да прави притисок кон голот на Шчесни, а по една лошо исфрлување од шеснаесетникот, домаќините направија акција по која Лазовиќ нафрли, а Барак во свој стил, со глава, успеа да го совлада Шчесни.

Пирло немаше многу опции на клупата на која се наоѓаа дури осум членови на У23 тимот, а МекКени и Ди Прадо кои влегоа во игра, не направија некоја позитивна промена, па Јувентус мора да се задоволи само со бод од ова гостување.

Тоа е одлична шанса за ривалите и пред се Интер да ја зголеми предноста на табелата, откако во моментов „нероаѕурите“ веќе имаат седум бодови повеќе од актуелниот шампион. Верона сигурно останува на деветтото место со 35 бодови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни