Поврзете се со нас

Италија

Јувентус го пријави повредениот Киеза за ЛШ, извиси големиот бразилски потенцијал

Објавено

на

Јувентус го потврди списокот со фудбалери кои ќе бидат пријавени за настап во Лигата на шампионите, а повторно извиси Бразилецот Кајо Жорге.

Интересно е што Макс Алегри мораше да избере тројца од четворицата кандидати за влез на листата во однос на првиот дел од европската сезона, за на крајот сепак да го остави Бразилецот без можност да дебитира во најелитното европско натпреварување.

Останувањето на Федерико Киеза на списокот на прв поглед е чудна одлука, но причината за тоа е што тренерите можат да направат само три замени.

Во случајов, заминувањето на Ремзи, Бентанкур и Кулушевски ги ослободија три позиции, а на нивното место влегоа Влаховиќ, Закарија и Пелегрини. Токму Пелегрини и Жорге беа дилемата на Алегри, но тој се одлучил за дополнителен фудбалер на левата бековска позиција.

Киеза неодамна беше опериран и прогнозите се дека ќе паузира седум месеци, па не е во комбинација дури и Јувентус да стигне до финалето на ЛШ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни