Поврзете се со нас

Италија

Јувентус ги остави Реал и Барса на цедило, Тебас му фати голем сеир на Перез (Фото)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/juventusfc

Јувентус се најде под сериозен притисок поради двата случаи за кои се вршеше истрага во клубот и за кои веќе се додели една казна, па во обид да се избегне одговорност и пред законите на УЕФА, клубот по се изгледа потпадна под притисокот.

„Старата дама“ оваа вечер со официјално соопштение ја извести јавноста дека полека се повлекува од таканаречениот проект Суперлига, во кој сега остануваат само Реал Мадрид и Барселона.

Поранешниот прв човек на Јуве, Андреа Ањели беше одговорен за влијанието на клубот во организирањето на спорниот проект, но откако тој си замина по избивањето на скандалот, сега новите луѓе кои го водат италијанскиот великан одлучија да се повлечат од Суперлигата.

Јувентус во официјалниот допис до јавноста потенцира дека веќе испратил соопштение до Реал Мадрид и Барселона за напуштање на проектот кој е дело на Флорентино Перез, а ова наиде на голем потсмев од првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас.

– Последниот нека ја затвори вратата и нека го изгасне светлото, – гласи објавата на Тебас кој е голем противник на Суперлигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни