Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ го предводеше Денвер до победа за трето место на Западот, Атланта ги „изгаси сонцата“ од Феникс (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Денвер Нагетс го победи Њујорк Никс со 113-97 и со тоа се искачи на третата позиција во западната конференција.

Нагетс го надигра Никс кој сезонава под водство на Тибодо е екипа за почит, резултат за кој најголем виновник е српскиот репрезентативец Никола Јокиќ. Јокиќ одново покажа зошто е кандидат број еден за наградата МВП, постигна 32 поени со 12 скокови на кои придодаде 6 асистенции, 2 блокади и 2 украдени топки.

Одлично издание имаше резервистот Риверс со 25 поени, двоцифрени беа уште Кампацо (16) и Портер Џуниор (17). Кај Никси четворица играчи имаа по 14 поени, односно Квикли беше тој што се издвои со 18 кошеви.

Атланта Хокс одигра пеколна последна четвртина (38-15) и го сруши Феникс во Џорџија со 135-103. „Сонцата“ сезонава се еден од тимовите со најдобар учинок во лигата, меѓутоа овојпат мораа да му се поклонат на ривалот кој одигра тимска кошарка со седум играчи со 13 или повеќе кошеви.

Залудни за гостите беше партијата на Букер од 30 поени.

Останати резултати:

Орландо-Бостон 96-132

Кливленд-Портланд 105-141

Хјустон-Филаделфија 115-135

Индијана-Сакраменто 93-104

Милвоки-Вашингтон 135-134

Минесота-Мемфис 135-139

Јута-Сан Антонио 126-94

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни