Поврзете се со нас

Евролига

Јасикевичиус во свој стил: Играчите се сликале со Ѓоковиќ? Ќе ги казниме за тоа…

Објавено

на

Барселона успеа да слави на гостувањето кај Црвена Звезда во Белград и со тоа ја продолжи победничката серија и остана на самиот врв во Евролигата.

Ова воедно беше дуел кој во живо од првите редови го проследи и првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ кој е познат како голем фан на „црвено-белите“. Тој не можеше да се израдува на триумф на своите, но без разлика на тоа како голем спортист им ја исполни желбата на дел од играчите на каталонците кои по крајот на мечот дојдоа да се поздрават и побараа да се фотографираат со него.

Јасикевичиус во свој стил: Играчите се сликале со Ѓоковиќ? Ќе ги казниме за тоа…

Оваа ситуација во свој стил ја искористи тренерот на Барселона, Шарунас Јасикевичиус кој на пресот одлучи да се пошегува.

-Ќе ги казниме поради тоа. Кога тоа го направија ? По натпреварот. Па, тогаш нема да ги казнам, -рече Шарас кој бил присутен на првата победа на Ѓоковиќ на Вимблдон.

-Јас сум голем фан на Новак, ја гледав неговата прва победа на Вимблдон. Тој беше дел од агенцијата со која тогаш бев добар. Ме однесоа на теренот број 18 на Вимблдон и ми рекоа дека ова момче е првиот јуниор во светот и дека ќе биде добар. Се покажа дека е многу подобро отколку што мислеа. Ние сме големи љубители на тенисот, заклучи Јасикевичиус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни