Поврзете се со нас

Светски првенства

Јапонците открија што се крие зад победата над Германија: Тие не инспирираа!

Објавено

на

Селекцијата на Јапонија е победник на денот на Светското првенство во Катар, а причината за тоа е победата над фаворизираната Германија.

Јапонците важеа за аутсајдер на овој меч, беа во подредена улога во најголемиот дел од мечот, ама ги дочекаа своите минути и со погодоците на Доан и Асано направија целосен пресврт во вториот дел за огромно славје од 2-1.

Со ова репрезентативците на оваа азиска репрезентација се ставија во добра позиција за пласман во нокаут фазата, ама за да се случи тоа ќе мора да остварат добри резултати против Костарика и Шпанија.

Меѓутоа сега се исполнети со самодоверба што е голем фактор плус, а кога е во прашање денешниот триумф Јапонците открија што се крие зад истиот, поточно кој ги инспирираал, мотивирал.

Се работи за селекцијата на Саудиска Арабија која претходно направи сензација и триумфираше над Аргентина со 2-1 исто така со пресврт.

-Овој момент беше неверојатен за тимот и за мене. Гледавме Саудиска Арабија против Аргентина. Тие победија на тој натпревар и помислевме дека можеме да имаме одличен натпревар. Тоа многу ме инспирираше мене и тимот, -рече Каору Митома.

-Одевме на тренинг и го гледавме мечот-нивната победа не инспирираше. Среќни сме за [Саудиска Арабија] и слушнав дека таму денеска е празник, па можеби тоа ќе се случи и во Јапонија, -порача Такефуса Кубо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни