Поврзете се со нас

НБА

Ја сруши Ајфеловата кула: Вестбрук со брутално забивање го прегази Гобер (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Лос Анџелес заигра на повисоко ниво и оствари победа над Јута Џез од 101-95 со што воедно ја прекина серијата од три порази во низа.

Ова беше дуел во кој „езерџиите“ тимски го срушија противникот со оглед на тоа што пет играчи беа двоцифрени, а потегот на средбата и воедно на денот во НБА лигата го имаше Расел Вестбрук.

Вестбрук кој многу е критикуван во оваа сезона се реши да полета во свој стил и тоа го направи преку 216 сантиметри високиот Руди Гобер.

Погледнете ја оваа супер атракција која дефинитивно ќе влезе во конкуренција за најдобрите во оваа кампања.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни