Поврзете се со нас

Репрезентација

Изов го објави списокот на фудбалерки за мечевите против Летонија и Луксембург

Објавено

на

Пред женската сениорска фудбалска репрезентација се два нови предизвици во квалификациите за Светското првенство кое во  2023 година ќе се одржи во Австралија и Нов Зеланд.

Нашиот национален состав се соочува со Летонија и Луксембург, дуели за кои селекторот Кирил Изов направи избор и го објави списокот на играчи за кои ќе смета за битките во Рига и Охрид.. Во составот се двете најдобри фудбалерки Наташа Андонова и Гентјана Рочи кои воедно треба да бидат и најголема закана за противниците.

Првата средба против Летонија ја играме на 21 октомври во Рига, втората во Охрид против Луксембург е на 26 октомври.

Само да потсетиме овој циклус го започнавме со два порази од Англија и Австрија.

Повикани играчи:

Голмани: Магдалена Лекоска (Љуботен), Кристина Павловска (Деспина), Верица Колевска (Скопје 2014);

Одбрана: Радица Чонева (Истатов), Павлинка Николовска (Каменица Саса), Катерина Милеска (Деспина), Теодора Јанковска (Деспина), Кристина Петрушевска (Истатов), Елена Панеска (Каменица Саса), Ане Бошеска (Тиверија), Елма Шемсовиќ (Борец);

Среден ред: Сара Коларовска (Скопје), Елена Петровска (Скопје), Ана Димитровска (Каменица Саса), Хава Мустафа (Шкендија), Јана Чубриновска (Деспина), Синдис Положани (Ас Јунајтед), Теодора Ѓорѓиевска (Борец), Христина Јошевска (Каменица Саса);

Напад: Улза Максути (Ас Јунајтед), Афродита Салихи (Шкендија), Александра Марковска (Скопје), Наташа Андонова (Леванте, Шпанија), Гентјана Рочи (Купс, Финска)

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни