Поврзете се со нас

Репрезентација

Изов го објави списокот на фудбалерки за дуелите со Англија и Австрија

Објавено

на

Предводникот на женската македонски сениорска репрезентација, Кирил Изов со соопшти списокот на фудбалерки на кои ќе смета за натпреваритете против Англија и Австрија од квалификациите за Светското првенство кое во 2023 година е на програмата во Австралија и Нов Зеланд.

Нашата репрезентација ја очекуваат два тешки дуели, прво со Англија на гостински терен на 17 септември за да потоа на 21 на Националната арена „Тодор Проески” се соочиме со Австрија.

-Не очекуваат два многу тешки натпревари против Англија на гости и дома против Австрија на отворањето од квалификациите. Ги знаеме добро квалитетите на двете селекции, посебно на Англија, која е апсолутен фаворит во групата, но верувам дека имаме сили и во рамки на нашите можности достојно ќе се обидеме да се спротивставиме на двете репрезентации.

-Целта е да извлечеме поволен резултат од двете пресметки. Радува фактот што на располагање ги имаме сите фудбалерки, вклучувајќи ги и интернационалките Андонова и Рочи. Имаме одличен спој на младост и искуство, оптимист сум дека ќе имаме добри квалификации. Атмосферата е одлична, сите се максимално фокусирани и мотивирани да одиграат добро за дресот со државен грб. Гледаме позитивно и веруваме дека оваа селекција може да напредува во квалификациските натпревари, -истакна селекторот Изов.

Во нашата група освен Англија и Австрија се уште Северна Ирска, Луксембург и Летонија.

Ова е списокот на повикани фудбалерки:

Голмани: Магдалена Лекоска (Љуботен), Суарта Речи (АС Унитед), Верица Колевска (Скопје 2014);

Одбрана: Павлинка Николовска (Каменица Саса), Елена Панеска (Каменица Саса), Ане Бошеска (Тиверија), Јулија Живиќ (Љуботен), Положани Синдис (АС Унитед), Теодора Јанковска (Деспина), Катерина Милеска (Деспина), Сара Коларовска (Скопје 2014);

Среден ред: Јана Чубриновска (Деспина), Александра Марковска (Скопје 2014), Елена Петровска (Скопје 2014), Драгана Гегова (Скопје 2014), Сара Велкова (Тиверија), Наташа Андонова (Леванте, Шпанија);

Напад: Теодора Димоска (Тиверија), Илза Максути (АСС Унитед), Радица Чонева (СЦ Истатов), Рабија Дервиши (Скопје 2014), Хава Мустафа (Шкендија), Гентијана Рочи (Купс, Финска).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни