Поврзете се со нас

Македонија

Иван Николов ново име во редовите на Вардар

Објавено

на

Екипата на Вардар во текот на вчерашниот ден ја информираше јавноста дека Александар Бајевски е именуван за нов спортски директор, додека пак денеска соопшти дека нивен нов член е Иван Николов.

Николов e екс член на Академија Пандев, а потекнува од школата на ФК Брегалница од Штип.  Тој е поранешен капитен на репрезентацијата на Македонија до 19 години и треба да биде уште една опција за тренерот Горан Симов на средината на теренот.

Вардар немаше добар страт на сезоната во ВМФЛ – ЗАПАД, по првите две кола освои само бод, а новата рунда носи битка со Воска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни