Поврзете се со нас

Шпанија

Интересна трансфер опција: Чави ќе врати во Барса поранешен член од „Ла Масија“

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона веќе го доведе Илкај Гундоган и тоа беше примарната трансфер цел која ја постави Чави Ернандес, но уште при самиот крај на сезоната, тренерот на каталонскиот великан нагласи дека оперативците ќе мора да му донесат двајца играчи за врска, а не само еден.

Покрај Гундоган, Чави сака уште една опција во средниот ред како алтернатива за извршување на дефанзивните задачи, но во отсуство на финансии, клубот разгледува и далеку поевтини опции на трансфер пазарот.

Познатите каталонски медиуми како „Мундо Депортиво“ и „Спорт“ откриваат дека во последно време посебно се активирала опцијата Ориол Ромеу, фудбалер кој е продукт на младинската школа „Ла Масија“.

Ромеу играше за Барса Б во 2010-та година, следната сезона дочека и настап за првиот тим, но сега постои голема шанса судбината да го врати на „Камп Ноу“ после 12 години.

Чави добро ги познава квалитетите на Ориол и го посочил како играч кој може да одговори на неговите барања, а бидејќи неговата отштета нема да биде многу висока, полека се издвојува како сериозен кандидат за средниот ред на Барса.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни