Шпанија
Иниеста за својот наследник во Барселона: Тој е поразличен од сите други

Андрес Иниеста во вистинско време почувстува дека веќе не може да одговори на барањата кои ги има Барселона и самостојно одлучи да се повлече и да си замине од саканиот клуб, па во моменти кога постојано се бараат замени за него и Чави Ернандез од страна на шпанските медиуми, легендарниот играч за врска уште еднаш предупреди дека треба да се остават на мира младите фудбалери.
Во последно време, тинејџерот Педри е оној кој неверојатно потсетува на Дон Андрес според својот стил на игра и бестрашноста која ја презентира за своја возраст, играч од кој е импресиониран и самиот Иниеста кој потенцира дека 18-годишниот фудбалер има светла иднина во Барселона.
– Повеќе од јасно е дека Педри има огромен потенцијал, тоа е очигледно. Сметам дека тој е на вистинско место за да се развива како што треба, во Барселона ќе може да ги презентира сите свои квалитети.
– Му посакувам се најдобро и најважно е тој да остане мирен. Исто така, треба и медиумите да го остават на мира, да не прават притисок. Тој е многу млад и кариерата е пред него.
– Тој е поразличен од другите и сигурен сум дека ќе успее. Тој кога излегува на теренот, излегува за да игра и ужива. Педри ужива на теренот и тоа го прави поразличен од другите, затоа не личи на момче кое има 17 или 18 години. Му претстои светла иднина во Барселона, – потенцира Иниеста.

- Италијапред 17 часа
Гоче е пример за фудбалер: Италијанците му го потенцираа историскиот рекорд, Пандев одговори скромно во свој стил
- Светпред 17 часа
Перез конечно се огласи: Супер лигата не е мртва, не ни добивме шанса да го објасниме проектот
- Англијапред 15 часа
Бејл го „пецна“ Мурињо: Ние сме голем клуб, сакаме да напаѓаме
- Шпанијапред 16 часа
Бензема го израмни рекордот на легендарниот Раул
- Англијапред 16 часа
Гвардиола е импресиониран од него: Тој станува сериозен играч
- Францијапред 17 часа
Ова ретко се гледа не терените: Магичната асистенција на Ди Марија во Куп победата на ПСЖ (ВИДЕО)
- Светпред 13 часа
Чеферин за својата страна од приказната: Дајте ми 24 часа и Супер лигата нема повеќе да постои!
- Италијапред 17 часа
Португалецот со очајна реакција: Роналдо повторно се посрамоти во живиот ѕид на Јувентус (Видео)