Поврзете се со нас

Италија

Инѕаги: Ова е болен пораз, Лацио заслужи повеќе

Објавено

на

Симоне Инѕаги не може да го прифати поразот од Јувентус, затоа што смета дека неговата екипа заслужила многу повеќе во Торино.

Лацио имаше водство, но Јувентус направи пресврт и на крајот победи со 3:1.

– Овој пораз боли, водевме, игравме добро, ја погодивме гредата на 1:1, а потоа примивме гол од контра-напад по наша грешка.

– Заслуживме многу повеќе, мислам дека го контролиравме дуелот, а до 37. минута противникот немаше удар кон голот. Мора да продолжиме да веруваме во тоа што го правиме и да дадеме повеќе на теренот, бидејќи очигледно ова не е доволно, – изјавил тренерот на Лацио.

Интересно е што гостите немаа натпревар од минатиот викенд бидејќи средбата со Торино не се одигра, но и тоа не му помогна на тимот на Инѕаги.

– Првиот гол ме налути бидејќи тие немаа шут кон нашиот гол, мислев дека Рабио се обидува да додаде кога постигна гол. Направивме многу грешки, а тоа не можете да си го дозволите на гостување кај Јувентус. Голем проблем за нас е што истовремено останавме без Стефан Раду и Луиз Фелипе, – дополнил Инѕаги.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни