Англија
Илиев за својот идол Чех и шансата која не ја дочека од Венгер: Бев на добар пат во Арсенал, но повредата ми го украде сонот!

Дејан Илиев пред две недели стави крај на својата десетгодишна етапа во Арсенал и на свое барања побара предвремен раскин на договорот, се со јасна цел да пронајде сигурен проект во кој ќе добива шанса и ќе има важна улога.
Поранешниот македонски репрезентативец го раскина договорот шест месеци порано од истекот на истиот и во моментов има статус на слободен агент, но пред да си пронајде нова средина, направи ексклузивно интервју за специјализираниот фудбалски портал „Гол“ и долови што искусил во Арсенал во изминатата декада.
– Тажен сум што завршив во Арсенал, бев многу долго во клубот и остварив конекција со фантастични луѓе. Го сакам клубот и тоа место, заминав таму кога бев многу млад и запознавм многу луѓе. Работев со различни тренери и со многу големи играчи. Имав можност да соработувам со мојот идол од детството, големиот Петр Чех и тоа се неверојатни спомени кои ќе останал дел од мене до крајот на животот.
– Не жалам што останав толку долго во клубот, ја донесов вистинската одлука кога заминав таму и среќен бев до последниот ден. Арсенал е голем клуб во кој напреднав како играч, но повеќе како човек и личност. Научив многу различни работи и научив да ценам повеќе работи во животот. За жал, десет години минаа брзо и имав повреди кои ми направија проблеми. Се мора да дојде до свој крај и така дојде крај за моето време во Арсенал. Сега, ќе мора да си барам нова средина, – вели Илиев кој за жал не дебитираше за првиот тим на Арсенал.
– Мојот сон беше да дебитирам за првиот тим на Арсенал. Поради тоа потпишав за клубот, не отидов само за да тренирам и за да си ја добијам платата. Тренирав напорно секој ден за да дојдам до првиот тим и до деби, но не успеав. Мојата тешка повреда на коленото пристигна во години кога се развивав и кога Арсен Венгер даваше многу шанси на млади играчи. Во тој момент, се случи повредата и тоа ми го украде сонот, – потенцира Македонецот.
-
Шпанијапред 15 часа
Азар се врати и му ја скрши ногата на противникот, играчот на Кадиз покажа како изгледа стапалото (Видео)
-
Италијапред 23 часа
Неутешниот Дибала не можеше да ги сокрие солзите на последниот натпревар како член на Јувентус во Торино (Видео)
-
Англијапред 15 часа
Џака распали по соиграчите откако Арсенал си ги упропасти шансите за пласман во ЛШ: Седете си дома!
-
Францијапред 13 часа
Премиерлигаш се обидел да ја искористи „битката“ на ПСЖ и Реал за Мбапе
-
Италијапред 14 часа
Сари: Милинковиќ-Савиќ нема да оди во Јувентус
-
Англијапред 23 часа
Фудбалерот кој се поврзува со Манчестер Јунајтед му се понуди на Тен Хаг: Тука сум ако ти затребам
-
Светски првенствапред 3 часа
Преседан во најава: Италија може да игра на Мундијалот, тоа го најави висок спортски работник од оваа земја
-
НБАпред 14 часа
Голем скандал: НБА играч и се заканувал со пиштол на својата партнерка