Поврзете се со нас

Свет

Игита го рекреираше незаборавниот „скорпион“ на 55 години и ги воодушеви фановите (Видео)

Објавено

на

Рене Игита важи за најлудиот голман во историјата на фудбалот, па оттаму и неговиот прекар „Ел Локо“ кој во буквален превод значи „луд“.

Легендарниот Колумбиец ќе остане вечно во сеќавање на фудбалските фанови поради своите нестандардни потези на теренот, но сепак еден се издвојува од сите останатите и е влезен во аналите на овој спорт.

Игита го обиколи цел свет во 1995-та година кога режираше „скорпион“ одбрана на „Вембли“ против Англија, потег кој сега реши да го повтори и во шестата деценија од животот.

Колумбиецот гостуваше на специјалниот викенд во Малага кој го организираше „Марка“, па во чест на насобраните фудбалски фанови, реши да ја повтори незаборавната фудбалска лудост на свои 55 години.

– Имам 55 години, но кај сите нас се уште постои детето внатре. „Скорпионот“ беше производ на предизвик кој ми го поставија едни деца и сега ќе го повторам тоа за вас, – порача Игита.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни