Поврзете се со нас

Италија

Ибрахимовиќ откри како изгледало неговото оперирано колено пред неполни три месеци (Фото)

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ немаше одиграно натпрвар од почетокот на месец мај и дербито кое Милан го играше со Јувентус, а четири месеци подоцна, се врати на теренот на извонреден начин и со постигнат гол во ново дерби.

„Росонерите“ се искачија на врвот на табелата во Серија А со победата остварена над Лацио од 2:0, триумф кој беше запечатен од страна на искусниот шведски голгетер кој набрзо ќе полни 40 години.

Ибра имаше фантастично движење седум минути по влегувањето во игра и без проблеми ја смести топката во празната мрежа по додавањето од Ребиќ, но по мечот, реши да открие каква брзо заздравување имал по операцијата која ја направи во месец јуни.

Поради повредата која ја заработи на крајот од сезоната, Златан замина на операција на коленото во месец јуни, а неполни три месеци подоцна, се врати на теренот и постигна гол во првиот меч.

Напаѓачот објави две фотографии, една од неговото колено во месец јуни, и втората оваа денеска на „Сан Сиро“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни