Поврзете се со нас

Свет

Ибрахимовиќ: Мбапе погреши што остана во ПСЖ

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ повторно е интересен за медиумите и тоа поради последното интервју за француски медиум, во кое зборувал на разни теми.

Поранешниот член на ПСЖ, меѓу другото, смета и дека Килијан Мбапе погрешил што останал во Париз.

– Тој ја направи најдобрата работа, но не за себе, туку за ПСЖ.

– Се постави дека е поголем од клубот и клубот му ги даде клучевите за се.

– Никогаш не си поголем од клубот, но кога едно дете ќе заработи многу пари, неговите родители можат да станат адвокати, агенти и слично. Тоа е проблем и кога ќе се случи, почнуваш да губиш контрола врз работите.

– Кај овие нови генерации, нивните родители мислат дека се ѕвезди, па дури и разговараат со медиумите. Не знам што се замислуваат, – вели Ибрахимовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни