Поврзете се со нас

Италија

Ибрахимовиќ: Дали ќе останам во Милан? Тоа зависи…

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ е повреден и не можеше да им помогне на неговите колеги на денешниот дуел против Верона, но и без него „росонерите“ се изборија за важен триумф од 2-0.

Искусниот напаѓач иако не беше напаѓач беше дел од групата на Милан во Верона, одлука која Златан ја објасни во свој стил.

-Јас сум Златан, чувствувам одговорност и се чувствувам како лидер. Овој тим е единствениот што ме натера да се чувствувам жив, да бида возбуден. Сакам да предавам, сакам да бидам водич. Кога велам нешто, останатите велат: „Добро тоа ќе го направиме“. Денес сакав да бидам во Верона, тоа го почувствував одвнатре. Кога минувам еден ден без нив е како да не сум без моите синови, -вели Ибра кој запрашан за тоа дали ќе остане во Милано и во наредната сезона одговори:

-Не знам, ќе видиме. Ако Малдини сака, јас сум за тоа. Сезоната е долга, остануваат уште многу натпревари. Ние секогаш играме за да победиме, дури и ако играме еднаш неделно, -заклучи Швеѓанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни