Поврзете се со нас

Лига на нации

Хрватите триумфално во Париз, Данска останува на врвот во групата

Објавено

на

Хрватската фудбалска репрезентација оствари голема победа над Франција (0:1) во Лигата на нации, па најави директен дуел за првото место во групата со Данска.

Избраниците на Златко Далиќ поведоа уште во 5. минутата, со голот на Модриќ од пенал, а неубедливите Французи не успеаја да израмнат до крајот на средбата.

Домаќините доминираа во вториот дел, но обидите на Мбапе, Бензема и останатите не донесоа конкретна завршница, со што Франција останува на дното на групата со само два бода.

Истовремено, Данска ја победи Австрија со 2:0, а стрелци на головите беа дело на Винд и Сков Олсен уште во првиот дел.

Хрватска ја пречекува Данска на 22. септември и тоа ќе биде дуел кој може да решава и за првото место во групата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни