Поврзете се со нас

Европски купови

Храбро реми на Еурофарм Пелситер, Периќ со гол со звукот на сирената донесе бод за битолчани (видео)

Објавено

на

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ситгнаа до херојско реми на гостувањето во Шафхаузен кај Кадетен во натпревар кој заврши со конечен резултат 28:28.

Во една крајно неизвесна и тензична завршница, пелистерци успеаја да стигнат до реми со голот на Јосип Периќ постигнат со звукот на сирената.

Малкумина веруваа дека избраниците на Жељко Бабиќ ќе стигнат до позитивен исход на овој натпревар, посебно по првото полувреме кое домашниот тим го доби со 16:11.

Сепак, во вториот дел Еурофарм Пелистер на крилата на одличниот Периќ заигра далеку подобро и на крајот стигна до заслуженото реми.

Најпрецизен кај битолчани беше токму Периќ кој постигна шест погодоци, додека по четири постигнаа Мандалиниќ, Маркоски и Граџан.

Во домашниот тим Цендер забележа осум погодоци, додека Лука Марос застана на седум голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни