Поврзете се со нас

Европски првенства

Холандските медиуми го зумираа парчето хартија на Де Бур и му ја открија тактиката за мечот со Македонија! (Фото)

Објавено

на

Франк Де Бур добива многу критики за пристапот на игра кој го има и филозофијата која ја форсира во холандската фудаблска репрезентација, па без оглед на тоа што „лалињата“ остварија две победи, сите се убедени дека има многу простор за напредок.

Резултатски гледано, натпреварот против Македонија за Холанѓаните нема да има посебно значење бидејќи тие се пласираа во осминафиналето, но иако се најавуваше крајно поинаков тим од Де Бур и поштеда на важни фудбалери, сепак тоа најверојатно нема да се случи.

Угледните холандски медиуми го зумираа ливчето со хартија на Де Бур од последниот тренинг и ја открија неговата тактика која останува непроменета 5-3-2, но ќе има две промени во стартната постава.

Ако тоа што го пишува на ливчето е точно, Холандија ќе излезе со ист состав како и на претходните натпревари, со исклучот на две позиции. Дониел Мален ќе го замени Вегорст во нападот, а Рајан Грaвенберх ќе го заземе местото на Де Рун во средината.

Почетен состав: Стекеленбург, Думфрис, Де Вриј, Де Лихт, Блинд, Ван Анхолт, Рајан Грaвенберх, Вајналдум, Френки Де Јонг, Мален, Мемфис Депај

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни