Поврзете се со нас

Европски првенства

Холандија нема да дозволи влез на македонски навивачи за натпреварот од ЕП во Амстердам

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација нема да има поддршка од навивачи на третиот и последен натпревар од групната фаза на Европското првенство.

Се работи за дуелот против Холандија во Амстердам, за кој за жал нема да има можност за присуство на македонски фанови, како што на пример ќе биде во Букурешт.

– Во врска со претстојниот фудбалски натпревар меѓу Северна Македонија и Холандија, ве информираме дека забраната за патување во ЕУ за граѓани од трети држави (вклучувајќи ја и Северна Македонија) е сè уште во сила.

– Можете да патувате во Холандија само доколку спаѓате во една од категориите кои се изземени од забраната, – информираат од холандската амбасада во Скопје.

Дуелот меѓу Холандија и Македонија е закажан за 21. јуни, додека претходно ќе играме против Австрија и Украина во Букурешт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни