Поврзете се со нас

НБА

Хит реакција: Кари се намести за шут, клупата на Голден Стејт предвреме почна да ја слави тројката (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: sports.yahoo.com/

Стеф Кари се врати на терените, но неговите 27 поени и 6 асистенции не се покажаа како доволни за Голден Стејт Вориорс да слави на гостувањето кај Лос Анџелес Лејкерс (113-105).

Меѓутоа кам-бекот на Кари е голем плус за „воините“, носи квалитет, сигурност, нова енергија, а сигурно и подобри резултати. За многумина Стеф е најдобар шутер во историјата на оваа игра, а во тоа не се сомневаат неговите соиграчи кои имаа една реакција со која станаа хит на интернер и социјалните мрежи.

Кари при една ситуација се намести за три поени, а колегите од клупата за резерви знаеја дека ќе погоди и едноставно предвреме го прославија кошот, не гледаа дали топката ќе заврши во мрежичката, односно имаа апсолутна доверба дека 100 проценти ќе биде кош.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни