Поврзете се со нас

Балкан

Херојска реакција: Мирчевски и четири соиграчи спречиле голема трагедија во Србија (Видео)

Објавено

на

Македонскиот фудбалер Мартин Мирчевски и уште четворица неговите соиграчи се претвори во вистиснки херои во верижната сообраќајна незгода која вчера се случила на северот во Србија, а која била предизвикана од силниот ветер.

На магистралниот пат Суботица – Бачка Топола се создала таканаречена „песочна бура“ и значително се намалила видливоста на возачите, поради што настанал верижен судир во кој учествувале 14 возила.

Десетици минале со повреди поради непрегледноста и незнаењето што ги чека во облакот од прашина, а Мирчевски и неговите соиграчи спречиле поголема трагедија со храбрите реакции.

Мирчевски, Антониќ, Чалушиќ, Филиповиќ и Ѓаковац биле сведоци на драмата и без проблеми минале низ истата, по што решиле да им помогнат на останатите, но и да ги предупредат возачите кои доаѓаат од спротивната страна.

Фудбалерите на ТСЦ се враќале од тренинг кога налетале на густиот облак од прашина, а потегот кој го приредија наидува на голем поздрав во соседна Србија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни