Поврзете се со нас

Олимписки игри

Херој на денот во Пекинг: Го победи ракот и стигна до прво олимписко злато во кариерата! (Фото)

Објавено

на

Олимписките приказни секогаш знаат да бидат интересни поради трудот и напорот кој го вложуваат спортистите за да дојдат до најважниот настан, но кога на сето тоа ќе се надоврзе и комплицирана здравствена состојба, не може да се каже ништо друго освен дека станува збор за херојски чин.

Канадскиот сноубордер Макс Паро освои злато на Зимските Олимписки игри во Пекинг во дисциплината слоуп-стајл, откако доби извонредни оценки за перфектното возење и со вкупни 90.96 ја надмина конкуренцијата.

За Паро ова беше прво олимписко злато во кариерата, која е одбележана од сребрениот медал во Пјонгчанг, но и од болеста која му беше дијагностицирана по игрите во 2018-та година.

Паро успеа да го победи ракот и ја доби најважната битка во животот, а сега како олимписки шампион гордо позидаше со златниот медал.

– Ова се специјални моменти за мене, имав перфектно возење, најдобро во мојата кариера. Никогаш немам извозено вака, се беше кристално чисто. По хемотерапијата и ракот, ништо не земам здраво за готово. Битката која ја добив ме направи подобар сноубордер, но и подобар човек. Го ценам секој ден од животот, го ценам секое утро и се обидувам да останам насмеан, – изјави херојот на денот од Пекинг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни