Поврзете се со нас

Англија

Хендерсон откри како се чувствува Ван Дајк и посочи дека нивна задача сега ќе биде..

Објавено

на

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон истакна дека разговарал со Вирџл ван Дајк по неговата страотна повреда на коленото која ќе го оддалечи од терените долг период.

Холанѓанецот по натпреварот со Евертон и еден дуел со голманот на домашниот тим, Пикфорд, заработи незгодна повреда која бара долготрајна рехабилитација.

Хендерсон посочи дека задача на сите фудбалери на Ливерпул во овој момент ќе биде да му дадат поддршка на ван Дајк се со цел тој што подобро да го надмине овој тежок период во неговата кариера.

– Жал ми е за него, ова беа тешки неколку денови. Зборував со Вирџил вчера и можам да кажам дека ова е тежок момент во кој треба да бидеме тука за меѓусебна поддршка. Ќе бидам со него колку што можам, сигурен сум дека и другите играчи и неговото семејство ќе му помогнат да го изоди ова незгодно патување.

– Сигурен сум дека ќе се врати посиле, а во меѓувреме ние треба да сториме се што е во наша можност за да му помогнеме да биде посилен, -изјави Хендерсон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни