Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола по дуелот на кој Сити не упати удар во рамките на голот: Ова беше лошо!

Објавено

на

Манчестер Сити неочекувано загуби од Саутемптон во четвртфиналето на Карабао купот, а менаџерот Пеп Гвардиола признава дека неговиот тим не заслужил да се пласира во следната рунда.

Англискиот првак не упати ниту еден удар во рамките на голот на противникот, а Пеп смета дека фудбалерите на Сити потфрлиле во многу сегменти.

– Подобриот тим победи.

– Ние не игравме добро, не игравме добро од почетокот, но имало и други натпревари каде не сме почнале добро, а подоцна сме успевале да се вратиме.

– Изгледаше како да не сме подготвени, ова беше лоша ноќ, постојано доцневме на секој потег. За да победиш, треба да го заслужиш тоа, а ние не заслуживме такво нешто, – изјавил Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни