Поврзете се со нас

Лига на нации

Грузијците без двајца важни играчи против Македонија: Тешко е кога ги гледате насолзените очи на свој колега

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација нема да смета на неколку важни фудбалери за утрешниот историски натпревар против Грузија, но и противникот има свој хендикеп за решавачкиот дуел за пласман на Европското првенство.

Грузијците потврдија дека на последното тестирање за коронавирус, двајца фудбалери имале позитивен тест и ќе го пропуштат дуелот во Тбилиси.

Се работи за Леван Шенгелија и Квича Кварацкелија, двајца стандардни играчи во составот на Владимир Вајс, за кои словачкиот стручњак ќе мора да најде соодветна замена.

Денеска, нивниот колега од националниот тим, Никa Квекешкири открил дека Кварацкелија реагирал емотивно кога дознал дека нема да може да настапи во „финалето“ против Македонија.

– Тешко е кога ќе погледнеш во својот пријател и ќе ги видиш неговите насолзени очи, кога тој дозна дека ќе го пропушти натпреварот од соништата.

– Најсилно оружје на нашата репрезентација е колективната игра, но тоа мора да го покажеме утре. Лошо е кога не можете да сметате на квалитетни играчи, но можеме да го компензираме тоа со добар пристап и тактика, – изјавил Квекешкири.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни