Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гризман: Имаме тим за да го елиминираме Јунајтед

Објавено

на

Оваа седмица ќе ги добиеме последните патници во четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите, а еден од нив ќе го дознаеме по пресметката на „Олд Трафорд“ меѓу Манчестер Јунајтед и Атлетико Мадрид.

Првата средба во шпанската престолнина заврши без победник 1-1, резулат кој значи дека се е отворено кога е во прашање патникот во наредната фаза. Обложувалниците му даваат мала предност на премиерлигашот, но Антоан Гризман е уверен дека тие ќе одиграа на високо ниво и ќе го продолжат патот во елитното натпреварување.

-Се надеваме дека ќе победиме и ќе поминеме, имаме тим тоа да го направиме. Убав меч за играње, знам дека доаѓаат многу навивачи. За нас е многу важен натпревар каде мора да победиме за да поминеме и се надевам дека ќе биде одлична вечер.

-Самоуверени сме, играме добро. Кој и да е игра, без разлика дали е стартер или замена, добро си ја врши работата. Мора да продолжиме вака, а сигурен сум дека кој и да влезе, замените ќе бидат спремни да придонесат во она што му треба на тимот во текот на натпреварот и потоа ќе добиеме одлична игра од сите, -вели Гризман и додава:

-Тоа е многу убав стадион. Вечерите во Лигата на шампионите се секогаш посебни и сега се надеваме дека со победа ќе направиме да ни биде убаво. Имаме тим кој може тоа да го направи. Ќе биде многу тежок натпревар каде ќе треба да се бориме секоја секунда, секоја минута и сигурен сум дека имаме потенцијал да го направиме тоа и да бидеме подготвени за таа вечер.

-Добивање минути што беше важно, одење чекор по чекор затоа што беше важно да не се повтори повторно. Мислам дека ги правиме работите многу добро и се надевам дека ќе можам да му помогнам на тимот како што правев на последните натпревари со голови и асистенции, па да победуваме, -заклучи францускиот репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни