Поврзете се со нас

Англија

Грилиш се покаја: Навистина жалам за зборовите кои му ги испратив на Алмирон (Видео)

Објавено

на

Мигуел Алмирон со осум гола и една асистенција е еден од најдобрите играчи во Премиер лигата во првиот дел од сезоната, но неговото име најмногу се поврзува со Џек Грилиш, особено за да му се фаќа голем сеир на фудбалерот на Манчестер Сити.

Нивната врска носи со себе една необична приказна од крајот на минатата натпреварувачка сезона, кога Сити на драматичен начин стигна до победа над Астон Вила, триумф кој значеше титула.

За време на шампионската прослава на улиците, Грилиш во заедничко видео со Бернардо Силва посочи дека клуч за пресвртот било излегување од игра на Ријад Марез кој играл како Алмирон, став за кој англискиот репрезентативец навистина се кае и ден денеска.

– Никогаш не добив прашање на оваа тема, иако стана многу актуелна на социјалните мрежи. Сакам да се огласам за тоа што го направив. Понекогаш правам навистина е..но глупави работи и веднаш жалам за тоа. Се каам за тоа што го направив.

– Се случи денот по освоената шампионска титула и очигледно е дека имав испиено неколку чашки. Жалам за тоа, правам глупави работи, а тоа е една од нив. Воодушевен сум како тој реагира на тоа. Во неодамнешното интервју, порача дека ми посакува се најдобро. Во тој момент си помислив „каков човек“. Да кажеше некој такво нешто за мене, јас ќе возвратев. Да бидам искрен, му се обратив на Мет Таргет (играч на Њукасл) бидејќи сум навистина близок со него и му реков да му се извини во мое име, – открива Грилиш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни