Лига на шампиони
Грилиш не остана должен и му ја затна устата на Гути за погрешните заклучоци (Фото)

Хосе Марија Гути беше огорчен по тешкиот пораз кој го претрпе Реал Мадрид на „Итихад“ и програмата „Ел Чирингито“ започна со речиси триминутно молчење на поранешниот капитен на „кралскиот клуб“, кој пак пред една недела беше комплетно поинаку расположен и веруваше дека тимот на Карло Анчелоти ќе биде тој што ќе патува во финалето.
Гути тогаш заклучи дека Реал испушти победа и дека истата ќе ја надокнади во Манчестер, но притоа имаше и серија сериозни и храбри заклучоци, кои на крајот му се удрија од глава.
Легендарниот играч за врска отворено го критикуваше Грилиш по првиот меч и посочи дека тој не може да помине ниту еден играч по левата страна, но даде погрешни прогнози и за Пеп Гвардиола и Бернардо Силва.
Гути за Пеп истакна дека се плаши да прави измени, додека заврши дека Сити игра со играч помалку кога Бернардо Силва е поставен на десната крилна позиција.
Токму Португалецот постигна два гола на „Итихад“ играјќи на истата позиција, а Грилиш беше еден од најдобрите заедно со Бернардо и Де Брујне.
Една седмица подоцна, Грилиш ја сподели објавата со изјавата на Гути, но истовремено испрати и емотикон за „затнување на уста“.
🤐
— Jack Grealish (@JackGrealish) May 19, 2023
-
Шпанијапред 10 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Англијапред 13 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Италијапред 10 часа
Три ѕвезди на Јувентус денес ќе се збогуваат со фановите, важен играч на Алегри го пропушта дербито
-
Германијапред 11 часа
Салихамиџиќ по отказот од Баерн: Многу сум емотивен, ситуацијата не е лесна…
-
Англијапред 9 часа
Џака се „збогуваше“ со Арсенал во пресрет на последното коло
-
Шпанијапред 6 часа
Барселона договорила засилување од Вулверхемптон
-
Францијапред 14 часа
Мбапе „нокаутираше“ девојка со топка, па со убав гест покажа дека е џентлмен (ВИДЕО)
-
Англијапред 4 часа
„Бомбата“ на Дукуре му донесе опстанок на Евертон, Лестер и Лидс се нови второлигаши (Видео)