Поврзете се со нас

НБА

Грифин означи крај на незаборавното НБА патување (Фото)

Објавено

на

Foto:instagram.com/blakegriffin23

Блејк Грифин последно играше за Бостон пред една година, но после цели 12 месеци минати во целосна неизесност за играчката кариера, искусниот центар реши да се повлече.

Грифин денеска се огласи преку социјалните мрежи и се заблагодари за сето она што му го даде кошарката, но не ги заборави и сите свои најблиски од семејството и долгогодишните соработници.

Блејк дебитираше во НБА лигата за ЛА Клиперс и во својата прва натпреварувачка сезона беше избра за најдобар дебитант во Америка, а своевремено победи и во Ол стар натпреварот во забивање.

Верните фанови никогаш нема да го заборават неговото забивање преку паркиран автомобил, а во првата фаза од кариерата, токму атракциите беа симбол за неговата игра.

Грифин девет години го носеше дресот на Клиперс и најубавите моменти ги мина во овој тим, по што ги бранеше и боите на Детроит, Бруклин и Бостон.

Блејк во кариерата одигра 14 сезони во НБА лигата, а во тој период оствари просек од 19 поени, 8 скокови и 4 асистенции по натпревар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни