Поврзете се со нас

Македонија

Гостивар ангажираше уште едно американско засилување (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Гостивар продолжи да работи активно на создавање на што покомнетитиван состав за новата сезона, а најновата аквизиција е плејмејкерот, Маише Дејли.

Дејли е второ Американско засилување за македонскиот прволигаш по Деонте Бартон, тој е висок 201 сантиметар и во Македонија доаѓа од Универзитетот Акрон каде во минатава кампања имал просек од 6,1 поени, 3,4 скока и 1,5 асистенции.

Клубот предводен од Алек Јончевски претходно ги обезбеди и потписите на Никола Силаџи, Виктор Ефремовски и Војче Лефковски, додека соработката ја продолжија Александар Костоски, Марјан Јанески, Александар Тодоровиќ како и браќата Роберт и Ренато Димитриевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни