Поврзете се со нас

Свет

Големо засилување: Баерн договори играч кој 14 години настапуваше во НБА лигата

Објавено

на

foto: behindthebuckpass.com

Баерн Минхен има големо амбиции во оваа сезона, сезона во која ќе биде предводен од трофејниот шпански стручњак Пабло Ласо.

Ласо сака да има конкурентен тим кој ќе може да одговори на сите предизвици, па така најново засилување е играчот кој изминативе 14 години ги мина во НБА лигата играјќи за Оклахома Сити Тандер, Орландо Меџик, Торонто Репторс (стана шампион во 2019) Лос Анџелес Клиперс и Милвоки Бакс-тоа е Серж Ибака.

Ибака има 33 години и може на високо ниво да ги пополни позициите 4 и 5, поточно да одговори како дефанзивно така и офанзивно.

Ова за Серж ќе биде враќање во Европа затоа што на почетокот на кариерата беше активен во Шпанија, плус настапуваше и за „црвена фурија“ со која освои сребро на ОИ во Лондон и злато на ЕП во Литванија во 2011 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни