Поврзете се со нас

Македонија

Големи промени во новиот прволигаш: Гостивар се раздели со шест играчи

Објавено

на

foto:www.facebook.com/KFGGostivari

Тимот на Гостивар успеа да обезбеди пласман во Првата македонска лига, односно по подолга пауза одново ќе го гледаме во најквалитетната домашна конкуренција.

Меѓутоа влезот во ПМФЛ носи сериозни промени во составот, па клубот веќе се раздели со жест играчи. Новиот прволигаш официјално се збогува со Антонио Каланоски, Симе Христов, Дарко Стојанов, Гордијан Христовски, Вилдан Керим и Сухејб Рушити.

Најавено е дека уште некои фудбалери ќе побараат нови средина, а притоа секако ќе бидат доведени засилувања со кои ќе се пополнат испразнетите позиции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни