Поврзете се со нас

Франција

Големата мета на Реал побара трансфер во ПСЖ (Фото)

Објавено

на

Едуардо Камавинга стана вистинска фудбалска ѕвезда во Франција како тинејџер бидејќи дебитираше во Лига 1 како 16-годишен огромен талент на Рен, но по цели две минати сезони во француската елита, фудбалерот кој е роден во Ангола побарал трансфер од раководните структури по крајот на сезоната.

Камавинга е голема мета на Реал Мадрид веќе три преодни рока и се чинеше дека „кралевите“ сериозно ќе притиснат за него во обидот да го освежат составот, но како што стојат работите, тоа нема да се случи ова лето.

Сепак, тоа не значи дека Камавинга нема да направи голем трансфер во претстојните два месеци, бидејќи ова попладне пристигна бомбастична ексклузива од угледниот медиум „Радио Монте Карло“.

„RMC“ и откри на јавноста дека младиот 18-годишен играч за врска побарал трансфер во ПСЖ од страна на водечките луѓе на Рен, од едноставна причина што смета дека проектот на клубот не ги задоволува неговите амбиции како еден од најталентираните играчи во Европа.

Според изворите на споменатиот медиум, планот на Камавинга е да го следи патот на Килијан Мбапе, односно да се пресели во најдобриот клуб во Франција пред да следи голем трансфер во Европа за неколку години.

Камавинга одигра 35 натпревари оваа сезона во Лига 1, а неговото барање за трансфер е најава за жестоки преговори меѓу ПСЖ и Рен, бидејќи неговиот актуелен клуб смета дека талентот има пазарна вредност од 100 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни