Поврзете се со нас

Светски првенства

Големата ѕвезда на Реал нема да игра против Македонија

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација ќе ги одмери силите и со Германија во еден од трите квалификациски дуели во краток временски интервал, а во пресрет на дуелот кој е закажан за 31-ви март, денеска пристигна вест дека селекторот Јоаким Лев останува без својот главен играч во средниот ред.

Тони Крос секако е еден од најискусните играчи во ростерот на подмладената Германија и има круцијално значење за „панцирите“, кои сега ќе мораат да ги подготвуваат дуелите против Исланд, Романија и Македонија без големата ѕвезда на Реал Мадрид.

Иако пристигнал во Германија по повод првиот собир, брзо било утврдено дека Тони Крос има мускулна повреда поради која ќе мора да одмора извесно време, што практично значи дека ги пропушта сите три квалификациски натпревари за мундијалот.

– Направивме прегледи врз Тони. Нависитна сакавме да сметаме на него, тој е многу важен, но нема потреба од ризик. Сега треба добро да се опорави и да биде најдобро подготвен за Европското првенство кое следи.

Тони Крос веќе е вратен во Мадрид и оттаму пристигнуваат информации дека повредата не е сериозна, па тој секако ќе му стои на располагање на Зинедин Зидан за двете пресметки против Ливерпул и „Ел Класико“ дуелот со Барселона во месец април.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни