Поврзете се со нас

Македонија

Голден Арт го ангажираше левиот бек Мандиќ

Објавено

на

Левиот бек Андрија Мандиќ е нов ракометар на Голден Арт, откако дваесетгодишниот битолчанец кој од пред неколку дена тренира со екипата, од вчера е официјално дел од семејството Голден Арт.

Својата ракометна приказна Мандиќ ја стартуваше во школата на Работник од Битола, подоцна Еурофарм Работник, продолжувајќи во екипите на Пелистер и Металург од каде што пристигна во тимот на Голден Арт. Мандиќ ќе биде засилување на левата бековска позиција и особено важен дел од тимот во фазата на одбрана во периодот што следи.

Ангажманот на Мандиќ е во насока на давање шанса на млади, недокажани македонски ракометари да работат во висок ритам и минутажа на терен за стекнување искуство на натпреварите во сениорска конкуренција.

Од друга страна младиот тим на Голден Арт продолжува да ја гради екипата за следната, но што е уште поважно за следните неколку години. По префрлањето на неколку млади ракометари родени 2004 година, Зафировски, Пасковски, Стаменковиќ, Глигоров, Стојановски, Самоиловски и Јосифовски во првиот тим, кои повеќе од две недели работат под полна пареа со првиот тренер Никола Матлиески, изминатите неколку дена Голден Арт за првпат потпиша договори со уште четворица млади ракометари кои и минатите години беа дел од нашиот систем во пионерска и кадетска конкуренција.

Матеј Ѓорчески, Марко Пасковски, Андреј Ниновски и Марко Трајков оваа година ќе бидат дел од нашата втора екипа, но со активно учество во работата со првиот тим, како и индивидуални тренинзи во текот на целата сезона со тренерот на голманите Златко Даскалоски и Никола и Јаковче Матлиески.

Целта е подигнување на квалитетот и нивно вклучување во првиот тим во следните години. Голден Арт продолжува да вклучува се повеќе македонски млади играчи во својата база, паралелно работејќи на создавање услови за сериозен тренажен процес од кој во иднина ќе може да очекуваме квалитетен кадар за сениорскиот тим

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни