Поврзете се со нас

Репрезентација

Гол кој уште долго време нема да се заборави: Шаќири пред 19 години му ја заврши кариерата на Симан (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонската А фудбалска репрезентација често знае да ги изненади големите фаворит кога тоа најмалку се очекува, а токму еден таков специфичен резултат кој и денеска се памти остваривме во 2002 година против Англија и тоа на нејзин терен во Саутемптон.

Имено во рамките на квалификациите за Европското првенство одигравме 2-2 и тоа во меч во кој нашиот Артим Шаќири даде гол кој и денеска се врти, гол кој нема да се заборави и уште долго ќе се гледа, коментира, споделува. Имено Шаќири успеа да погоди директно од корнер и со тоа едноставно да му ја заврши репрезентативната кариера на легендарниот Дејвид Симан.


По тоа наше водство возвратија Англичаните преку Дејвид Бекам за да потоа ние одново ги шокираме со погодокот на Ванчо Трајанов за да во 36 Стивен Џерард ги постави конечните 2-2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни